Aлтернативен метод за мирно решавање на спор
Медијацијата е еден од алтернативните методи за мирно решавање на спорови чија примена овозможува страните во спорот на конструктивен и пристоен начин согласно да го решат меѓусебниот спор и да дојдат до решение кое е прифатливо за двете страни со помош на трета неутрална страна –медијатор, кој му помага на двете страни да дојдат до прифатливо решение.
Потикнување на алтернативни методи за решавање на спорови, нарочито медијација, претставува еден од правни и политички приоритети на Европската Унија, па повеќето држави донесоа посебна законска регулатива за решавање на ова материја. Ова го има направено и Република Македонија во 2006 година, со донесувањето на Законот за медијација.
Решавање на Спор
Решавање на спорот во медијацијата е со изнаоѓање решение кое е предложено и прифатено од двете (сите) страни во спорот каде сите страни ќе се чувствуваат како победници, што ќе доведе до подобрување на односите за во иднина, со веќе воспоставената комуникација.
Во постапката на медијација, клучната улога ја имаат страните на спорот, а медијаторот, како „чувар на постапката“ ги насочува странките во изнаоѓање на креативни решенија на проблемите за кои тие вообичаено сметаат дека имаат едно свое мислење што најчесто за другата страна се толкува како спротивно или негативно решение.
Пристапување до Медијација
До медијација може да се пристапи пред и за време на судската постапка, како и за време на постапките за правни лекови или за време на извршната постапка.
Специфичноста на медијацијата како доброволна, неформална, исклучително брза и поевтина постапка е што во текот на постапката странките ја задржуваат целосната контрола и никој не може да донесе одлука како да го реши нивниот спорен однос, а доколку се постигне договор,
тие го склучуваат во заеднички интерес. Улогата на посредникот се одразува во тоа што тој им помага на страните да ги утврдат своите интереси во однос на другата страна и да постигнат договор.
1
Медијација
2
Медијација
3
4
5
6
7
8
9
10
Неформaлноста на постапката за медијација е предвидвидена со цел да му се олесни на страните во спорот и побрзо да се дојде до решение. Определените формални недостатоци при спроведување на медијацијата немаат влијание разлика од парничната постапка во која битните повреди на постапката
постапката претставуваат причина за укинување на првостепената одлука од страна на повисокиот судот (апелација) и враќање на предметот на првостепен суд заради поново разгледување на случајот и носење на пресуда.
Неформалноста на медијацијата е пропишана со самиот закон
Медијацијата е доброволна постапка за двете страни во спорот, односно до покренување и спроведување на медијацијата може да дојде само ако и двете страни во спорот постигнат договор за тоа.
Доброволна постапка за двете страни на спорот
Согласноста за решавање мора да биде недвосмислена и јасна
Согласноста за решавање на спорот пред медијатор мора да биде недвосмислена и јасна, и не постои начин ни можност странките по принуден пат да учествуваат во медијација.
Значи, ова е мирен начин на решавање на проблемите, каде што “скараните“ најчесто директно комуницираат.
Мирен начин на решавање на проблемите
Што е Медијатор?
Медијаторот има пресудна улога за текот и успехот на процесот на медијација, без оглед на тоа какви преговарачи се страните во спорот. Според Законот за медијација, медијатор е физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи
согласно закон, актите на Комората на медијатори на Република Северна Македонија и ја спроведува медијацијата согласно со начелата за медијација
Медијаторот е лице кое има завршено обука за медијатор, истиот е доброволно избран од страните во спорот, поседува квалитети и вештини да им ја олесни комуникацијата на страните и да им помогне самите да дојдат до решение, без право тој да предлага или наметнува решенија.
Историја на медијација
Медијацијата прв пат се споменува во Јустинијановите Дигести во 533г.
Медијацијата првпат се појавува во античко време, а се споменува во Јустинијановите Дигести објавени во 533 година. Во текот на втората половина на 20 век, медијацијата стана формализиран и широко користен пристап за решавање на конфликти во многу земји.
Во последниве години, оваа форма на решавање спорови расте и во Северна Македонија, благодарение на заложбата во судските реформи и активностите предвидени во Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022).
Основни принципи на процесот
Постапката за медијација е од неформален карактер и зависи од предметот и другите карактеристики на спорот. Но, сепак постојат основни принципи на медијација кои се пропишани со закон, а тоа се доброволност, доверливост, неутралност на медијаторите и еднаквост на страните.
Доброволноста значи дека странките во спорот по своја волја ја покренуваат постапката за медијација, т.е. без принуда одлучуваат да учествуваат во процесот.
- Доверливост
- Рамноправност
- Ефективност
- Транспарентност
- Правичност
- Ефикасност
- Непристрасност
- Неутралност
Страните заеднички избираат посредник
Страните заеднички избираат посредник од списокот на посредници формиран од Здружението на медијатори. Доколку страните не можат да се договорат за избор на медијатор, медијаторот го назначува Здружението на медијатори.
Постапката за медијација е доверлива
Постапката за медијација е доверлива, што значи дека изјавите на странките изнесени во постапката за медијација не можат да се користат како доказ во која било друга постапка без согласност на странките.
Посредникот е неутрално лице
Како што веќе беше споменато, посредник е неутрално лице, кое посредува без никакви предрасуди во однос на страните и предметот на спорот. Странките во постапката за медијација имаат еднакви права.